Нова цена на горивата
Центата на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за
еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 3,03, односно за 1,98 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,5 денари за
литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 67, а Екстра лесното
масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 55,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,399 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на
мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,75 денари за килограм.