Заев: Или договорот или нови избори
Гласот треба да да биде глас за одлучна иднина. Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на мнозинството, ако не ќе се искористи другата алатка или предвремени парламентарни избори веднаш, рече премиерот Зоран Заев вечерва.
„Референдумот е највисока демократска алатка на која одлучуваат тие кои сакааат да гласаат. Успехот е заеднички на сите. Без разлика на организираниот бојкот, очекувам дека огромниот број од тие кои гласале рекле „да“. Сега одлуката треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Ако има видливо огромно мнозинство ЗА, тогаш јасна е иднината.
Јас ќе продолжам да ја водам земјата напред, Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО, рече Заев.