Скопјанецот Огнен ги остави без текст жирито од „Звездите на Гранд„

Младиот скопјанец Огнен Здравковски повторно го воодушеви жирито во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ со својот глас.

Уште на самиот почеток на неговиот настап во првиот круг тој доби шест „да“ од членовите на жирито.

Согласно новите правила на музичкото натпреварување, 21 годишното момче мораше да одбере еден член од жирито за свој ментор. Дека одлуката пред која се најде му падна навистина тешка, говорат и коментарите од членовите од жири комисијата кои имаа само пофални зборови за него, како за неговите вокални способности, така и за тоа дека нашиот Огнен е младо и културно момче.

Откако по пат на елиминација, останаа како опции Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша, Огнен пресече и ја одбра Марија која беше воодушевена и пресреќна од неговата одлука таа да му биде ментор.

Одличниот настап на младиот Огнен и коментарите од членовите на жирито може да ги погледнете во видеото во продолжение.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password