Пратеници од првиот парламентарен ќе гласаат„за“ на референдумот

Вистинската одлука на 30.септември е да се излезе на
референдум и да се гласа „за“. Македонија да направи вистински чекор во вистинско
време, повикаа денеска пратеници од првиот парламентарен состав на Република Македонија.
Алил Џаферовски, пратеник од првиот парламентарен состав потсети дека на референдумот
на 8. септември првпат во историјата Македонија е етаблирана во светот како независна и
самостојна држава, на 25 јануари 1991 година е донесена декларацијата за јасна определба за
членство во НАТО и во ЕУ, а со донесувањето на Уставот и од правен аспект е заокружена
државноста на Р.Македонија.
– Во 1993 година приемот на Република Македонија во ОН беше условен со прифаќање на
спогодба со Република Грција и мислиме дека не погрешивме. Денес нашето членство во НАТО
и ЕУ повторно е условено со прифаќање на уште една спогодба со Грција. Ако го направиме
истото, повторно нема да погрешиме, рече меѓу другото Џаферовски.
Според првиот претседател на Собранието на Република Македонија Стојан Андов, од 1991
година во Македонија многу тешко градевме единство.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password