Се намалуваат трошоците за извршителите и нотарите

Намалување на трошоците за извршување за граѓаните и
намалување на тарифите на нотарите и извршителите предвидуваат измените на Законот за
извршување и Законот за нотаријат што денеска ги усвои Владата на Република Македонија.
– Главна цел на измените на законите е намалување на трошоците во постапките пред нотари
и извршители и тоа за најсиромашните граѓани кои не можат да си ги плаќаат сметките за
комуналните трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити до 1.000 евра. Намалување на
трошоците за граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци ќе има и во постапките пред
нотарите и во постапките пред извршителите, рече премиерот Зоран Заев на денешната пресконференција
во Владата заедно со министерката за правда Рената Дескоска.
Тој нагласи дека со измените ќе се намалат трошоците за над 90 отсто од извршителските
случаи и додаде дека очекува во октомври законите да влезат во собраниска процедура.
– Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не големи и
енормни. Во постапките пред нотарите граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци ќе
бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност, а
нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг, но не повеќе од 500 денари, рече Заев.
За сметки за вода, смет, телефони одржување на заеднички простории во висина до 6.000
денари, додаде, нема да биде потребно учество на адвокати, како и за сметки за струја и
парно до 15.000 денари.
– Со тоа ќе се исклучат и адвокатските трошоци за лицата кои имаат неплатени сметки до вака
одредените износи. Во постапките пред извршител дури 16 ставки за кои порано постоеа
трошоци со новата тарифа ќе бидат целосно бесплатни. Некои ставки се намалени до 50
проценти, а некои и до 90 отсто, рече Заев и посочи дека во престојниот период ќе работат и
на законот за бришење на долгови.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password