Џафери-Жидан: Референдумот е историска можност
Македонија во секоја смисла припаѓа на семејството на
европските народи. Затоа се надевам дека граѓаните ќе ја искористат историската можност и
ќе одлучат зрело, храбро и одговорно за својата и за иднината на следните генерации, порача
претседателот на Државниот Збор на Словенија Дејан Жидан, по средбата со претседателот на
македонското Собрание Талат Џафери.
– Македонија историски културно, политички и географски влегува односно припаѓа на
семејството на европските народи, ЕУ и НАТО кои се основни гаранти на безбедноста и
стабилноста, како и почитувањето на заедничките вредности на народите. Членството во нив
овозможува безброј можности за добар и брз развој на стопанството, и подобри животни
услови и развој во секоја област во земјата, истакна Жидан.
Смета дека решението што го нуди Преспанскиот договор ги отвара вратите на НАТО и
овозможува почеток на преговори за ЕУ, а истовремено го сочувува македонскиот идентитет и
македонскиот јазик кои, како што рече, долги години наназад беа грижа на македонскиот јазик и
македонците.
– Компромисот е тежок, но е нужен и верувам дека е добар. Секој компромис бара отстапки, но,
доколку ни го носи она што е најважно тоа е од исклучителна важност за сите, па и за
македонските државјани, рече претседателот на словенечкиот Збор