Бијонсе убивала домашни миленичиња?
Поранешната тапанарка Кимберли Томсон ја обвини светската музичка ѕвезда Бијонсе , за која работела цели 7 години за црна магија, прислушување и убиство на миленици.
Кимберли побарала забрана за приоѓање и во тужбата тврди дека Бијонсе прави се за да и го отежне животно и дека во таа цел користи црна магија?!
Тапанарката воедно истакнува дека Бијонсе го прислушува нејзиниот телефон и ги контролира нејзините финансии. Меѓу бизарните тврдење, Кимберли Томпсон навела и дека музичката ѕвезда и го убила мачето.