Иванов: Настапува период на недемократија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на
почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на престижниот Државен
универзитет Вејн во Детроит.
Македонскиот претседател, кој беше најавен како поддржувач на принципите на пазарната
економија и политичкиот плурализам, говореше на тема „Раѓањето на нов свет: Предизвици и
можности за генерациите Y, Z и Алфа“, соопшти прес-службата на Кабинетот на Иванов.
Зборувајќи за предизвиците и можностите на новите генерации низ призмата на познатите
филозофи, Иванов ги објаснуваше промените во светот, предизвикани од брзиот напредок на
технологијата, миграцијата, демогафијата, климатските промени.
Пред студентите, македонскиот претседател истакна дека е восхитен од нивната самодоверба,
храброст и подготвеност, да бидат социјално активни за бројни прашања, но истовремено им
порача да го канализираат уникатниот потенцијал на нивната генерација за достигнување на
трајни вредности.