Џорџ Буш: Излезете на референдум

Уште од првиот ден на независноста на вашата држава, Соединетите Американски Држави се ваш постојан пријател, напиша поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш во писмото до граѓаните на Република Македонија, кое вечерва го објави Евроатланскиот совет во Вашингтон, јави Гласот на Америка.

Буш во писмото  потенцира дека како претседател на САД имал чест да го поддржи претседателот Борис Трајковски во 2001 година, кога тој ја оттргнал Македонија од работ на граѓанската војна во правец на општество дефинирано со мултиетничко разбирање и владеење на правото.

„И бев горд кога Соединетите Држави ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име во 2004“, пишува Буш.

Според поранешниот американски претседател Буш, Договорот од Преспа за решавање на спорот за името со Грција, кој сега е пред неговата ратификација, е храбар и фер компромис, кој ќе ја стави Македонија на патот кон влез во Европската унија и НАТО, и што ќе осигура светла иднина, која претседателот Трајковски ја имал замислено.

„Ги повикувам сите граѓани на Македонија да учествуваат во носењето на оваа историска одлука и да гласаат на националниот референдум на крајот од овој месец. После една деценија на пречки, сега ја имате моќта да напишете една нова и понадежна приказна за вас, за вашите деца, за вашите соседи и за вашата земја “, вели Буш во писмото, потенцирајќи дека со нетрпение го очекува денот кога САД гордо ќе и посакаат добредојде на Република Северна Македонија како најнов сојузник и 30-та членка на НАТО, вели поранешниот претседател на САД Буш во писмото до граѓаните на Република Македонија.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password