Нова мерка на Владата за преквалификација на невработените според потребите на компаниите
Нова мерка „Шанса за сите“ која опфаќа
преквалификација на невработените лица во согласност со потребите на стопанството
предложија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за
труд и социјална политика Мила Царовска.
Мерката, која треба да биде дел од Оперативниот план за вработување за 2019 година на
Владата, беше образложена на информативната сесија на која присуствуваа и првите луѓе на
стопанските комори, бизнис асоцијациите и други организации.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев појасни дека идејата е да се надмине еден од најголемите
проблеми што ги имаат стопанствениците со недостатокот на кадар, а од друга страна да им се
помогне на невработени лица со тоа што ќе им биде понудена шестмесечна преквалификација
која ќе биде поддржана од државата.