Прв пробен лет на „Ер Албанија“
– Албанскиот национален авиопревозник „Ер Албанија“
денеска го имаше првиот пробен лет.
Авион од типот „Ербас 319“ полета од меѓународниот аеродром во Тирана кон Истанбул, а
првите патници беа најдобрите според успехот студенти и матуранти.
На првиот лет на „Ер Албанија“ присутуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
– Изборот први патници да бидат најдобрите студенти и матуранти е поради фактот што тие се
светлото лице на другите генерациии. Верувам дека тие ќе имаат среќна нога за
авиокомпанијата, рече Рама.