АНЃУШЕВ-НИКОЛОВСКИ:ОЛЕСНЕТИТЕ ЦАРИНСКИ БАРИЕРИ ЈА СПАСИЈА МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА ОД КОЛАПС
Времената мерка за ослободување на царинската давачка за увоз на смрзнато свинско месо, даде позитивни резултати за развојот на домашната месна индустрија, порачаа на денешната прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претседателот на Групацијата за преработка на месо и производство на сувомесни производи при Стопанската комора на Македонија Гоце Трајчев.
Анализата на Групацијата покажува дека за првите три месеци откако е воведена мерката, значително е зголемено вкупното производство на сувомесни производи, извозот на македонските месни преработки, а потрошувачите добија производи со пониски цени.
Вицепремиерот Анѓушев посочи дека оваа мерка ќе ја зголеми искористеноста на производствените капацитети на месната индустрија, кои досега работеле со минимална искористеност од 28 отсто.