Жбогар: Почеток на преговорите со ЕУ само ако се спроведе договорот со Грција
Отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ
следниот јуни ќе биде можно само доколку договорот со Грција е целосно имплементиран,
вели Самуел Жбогар, амбасадорот на ЕУ во Скопје во интервју за регионалниот веб-портал
„Јуропијан Вестерн Балканс“.
– Референдумот е важен ден за земјата бидејќи граѓаните на него нема да одлучуваат само за
договорот со Грција, туку и за тоа каква иднина сакаат. Самото прашање е поврзано со
членството во ЕУ и НАТО, но и да не беше така, многу е јасно дека успехот на референдумот и
консеквенците што ќе следат – промената на Уставот, се предуслов за земјата да оди напред
во однос на нејзините евроинтеграции, псочува Жбогар запрашан за неговите очекувања од
референдумот.