Се урна приватниот авион на пеачката Пинк

Приватниот авион на славната пејачка Пинк (39), се урнал при слетувањето на данскиот аеродром Архус.

Во авионот биле четворица американски државјани, двајца Австралијанци, еден британски државјанин и пилоти од Германија, Австрија и германска стјуардеса. Меѓу нив е менаџерот на славната пеачка, но таа не била во авионот. Сепак ниту еден не е повреден, а се тврди дека тоа се должи на брзата интервенција на пилотите.

Според наводите, „Cessna 560XL“ летал од Норвешка, а огнот избил неколку минути пред слетувањето.

Концертот кој Пинк го има закажано за в среда, 7 август на Стадиум Каса Арена во Данска, ќе биде одржан.

Пинк во моментот е на турнеја  насловена „Beautiful Trauma“, а по Данска концерти ќе одржи во Германија (9 август), како и во Холандија (11 август).

 

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password