Јапонија: Силен земјотрес повторно го погоди Хокаидо (Видео)

Силен земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер
повторно го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти денеска Јапонската метеоролошка
агенција.
Земјотресот се случил околу девет часот изутринава, по локално време, со епицентар на југот
на Хокаидо и длабочина од околу 30 метри.
Во градовите Атсума и Мукава, кои се наоѓаат во таа област, нема повредени, додека во градот
Сапоро повредена е 30-годишна жена на која паднала полица врз неа.
Засега нема опасност од цунами, а компанијата за снабдување со електрична енергија
соопшти дека не се забележани абнормалности во нуклеарните постројки.
Денешниот земјотрес е најсилен од земјотресите кои го погодија тој остров пред месец денам
во кој настрадаа 41 лице, а 10.000 згради се оштетени.

http://youtu.be/HGZ8CfL5GPU

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password