Во вторник собраниската Комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

Седницата на собраниската Комисија за деловнички и мандантно-имунитетни прашања на која ќе се разгледува предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе се одржи во вторник.

Инаку, судијата за извршување на санкции не ја прифати молбата на екс премиерот Груевски, сега пратеник, за одложување на одењето в затвор, соопшти кривичниот суд.

Решението за одбивање на пролонгирањето на издржувањето затворска казна од две години, по правосилната пресуда во случајот „Тенк“, му е испратено на Груевски кој има право на жалба на таа одлука во рок од три дена.

Ако се жали Груевски, Кривичниот совет има рок од три дена да донесе одлука, а во случајот да го потврди решението на судијата за извршување на санкцијата, екс премиерот треба да се јави во затвор најдоцна до 8 ноември .

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password