„Тендери“ на СЈО одложено поради отсуство на бранителите

– Поради остсутво на бранителите на обвинетите, денеска
во Кривичниот суд не се одржа рочиштето за предметот на СЈО, „Тендери“ во кој првообвинета
е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Предметот „Тендери“ се
однесува за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за
државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.
Судијата Осман Шабани ги извести обвинителите дека судот добил поднесоци од адвокатите
Еленко Миланов и Сашо Дуковски дека двајцата се спречени да присуствуваат на судењето
бидејќи се единствени бранители на неколку обвинети во случајот познат како „Настаните од
27 април во Собранието на РМ“, што е притворски предмет. Шабани ги опомена бранителите
дека доколку во иднина побараат одлагање ќе бидат санкционирани и им порача да си
овластат заменици.
Според Кривичниот законик, доколку еден предмет што е почнат со судење и од едно до друго
рочиште поминат 90 дена, треба да се започне одново, односно со презентација на
материјални докази. Последното рочиште се одржа на 20 јуни, а следното што беше закажано
за 13 јули се одложи поради болест на судијата Шабани. На 20 септември оваа година истече
законскиот рок од 90 дена. На 4 октомври Шабани треба да одлучи како ќе се продолжи со
предметот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password