Синоќа Скопје бил најзагаден град во светот

Скопје ноќеска по еден часот бил на првото место меѓу градовите со најголемо аерозагадување во светот. Индексот на загадување во Скопје, според мерењата на „Ер вижуал“, во еден часот по полноќ, бил 430. Со тој индекс на загаденост, Скопје бил на врвот на листата, а по него следувале индискиот Делхи, Дака во Бангладеш, пакистанскиот Лахор и главниот град на Косово – Приштина.

Поради високата загаденост, Град Скопје вчера објави препораки до граѓаните: Да се избегнува користењето на возила или да се споделува превозот, да се избегнува седење на отворено, да не се горат штетни материјали, да се чистат оџаците…

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password