Османи: Македонија ќе ја престигне Црна Гора во преговорите

Вицепремиерот за европски прашања и главен
преговарач, Бујар Османи, денешниот прв подготвителен скрининг, го нарече историски ден и
порача дека Македонија, со оглед на нејзиното искуство, многу брзо може да ги престигне
првенците кои веќе преговараат – Црна Гора и Србија.
– Оваа година Европската Комисија даде пресек на сѐ што е направено од потпишувањето на
Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација: Македонија е на прво место со Црна Гора во
делот на преточување на европското законодавство. Ние не сме започнале преговори, а веќе
сме на прво место, што значи дека кога ќе влеземе со првата меѓувладина конференција (старт
на преговори со ЕУ, нз) и се почитува регата принципот (секој по своја заслуга, нз), без
дополнителни условувања, што сметам дека ќе ги нема бидејќи ги затворивме политичките
прашања, јас сметам дека многу брзо ќе бидеме првенец во процесот, оцени Османи.
За шефот на македонскиот преговарачки тим главниот предизвик за Македонија ќе биде
имплементацијата на законските рамки, да се смени менталитетот и да се почитува духот на
законите кои ќе се носат

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password