МВР трага по Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешковски

Откако минатиот петок му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, кој судот во Штип му го определи поради здравствени проблеми.

Директорот на затворот Боби Мојсовски вели дека во понеделникот испратил известување до  штипскиот суд и Управата за извршување на санкции дека Спасов не се појавил во Издризово, но вели веќе пет дена не добил повратен одговор – ниту каде е осудениот, ниту пак дали повторно му одреден прекин на издржувањето на казната, јавува Канал 5.

“ Осуденикот Игор Спасов требаше да се врати од прекин на 18.10. Поради викендот ние на 21.10  го известивме судот и Управата за извршување на санкции дека осуденото лице не е вратено на издржување на затворската казна, после тоа наше известување на 21.10 ние немаме повратен одговор.”Боби Мојсовски – Директор на КПУ Идризово.

Од Основниот суд во Штип велат дека известувањето од затворот Идризово е примено дури вчера, по што тие утринава издале наредба до полицијата да го пронајде Спасов. Сега МВР ќе треба да провери каде е осуденикот и доколку не го најде да распише потерница по него, а затворот да го води како осуденик во бегство.

Дали станува збор за административни грешки или пак нешто друго е во прашање засега не е познато, но од она што се знае е дека осудениот за убиство Игор Спасов повеќе од една година е на слобода наместо во затвор.

Извори од штипскиот суд за Канал 5 велат дека целото отсуство во овој период тој го оправдува со уредна медицинска документација за здравствени проблеми и оперативни зафати, нега која затворот не била во можност да му ја понуди. За последното отсуство било консултирано и вешто лице уролог, за кое постоела и соодветна документација.

Поранешниот специјалец досега отслужи шест од 14 години затвор, кои му беа досудени за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password