Груевски може да бара одложување на казната

Експремиерот Никола Груевски одлуката на Апелацискиот суд ќе треба да ја добие во писмена форма, а судијата за извршување на санкции треба да му достави упатен акт со датум за денот кога ќе треба да оди во затвор. Но, ова не го одложува извршувањето на казната, пишува МКД.

По ова, Груевски може да бара одложување на издржување на затворската казна, со точно наведени причини.

Освен одложување на затворската казна, до Врховниот суд Груевски може да поднесе и вонреден правен лек за преиспитување на пресудата.

Според законот, лице осудено со правосилна пресуда на над една година затвор, може да бара до Врховниот суд преиспитување на правосилната пресуда со вонреден правен лек.

Врховниот суд чиј претседател е Јово Вангеловски, не може да одлучи веднаш, туку треба да побара мислење од Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески.

Според досегашната пракса, во вакви слуачи процедурата да трае и до четири па и пет месеци. Ако во меѓувреме нема некоја причина од сериозни здравствени проблеми, одлуката за извршување на затворската пресуда се спроведува веднаш, без оглед дали осуденото лице се обраќа до Врховниот суд со вонреден правен лек.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password