Македонец почина во сообраќајка во Нови Сад, петмина други повредени

Во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Нови Сад починал четириесет и четири годишен македонски државјанин кога со автомобил марка фолксфаген со македонски регистарски таблички излетал од сообраќајницата.

Во несреќата која се случила околу пет часот наутро потврдено е дека се повредени уште пет други машки лица исто така државјани на Македонија и тие се префрлени во Клиничкиот центар во Војводина.

Полицијата соопштила дека телото на загинатиот било најдено на неколку дестина метри од смачканиот автомобил.

„Два пациента се тешко повредени, но се во стабилна здравствена состојба, а тројца се здобиле со лесни телесни повреди. Првите двајца во Ургентниот центар, а другите на ортопедија. Во тек е интензивен лекарски надзор и контрола после која ќе имаме детални информации за нивната здравствена состојба, изјавиле од полицијата.

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password