Заев за „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори

На Македонија не ѝ се потребни избори, избори ќе има само
доколку се неопходни, вели премиерот Зоран Заев во интервју за сервистот на грчки јазик на
„Еуроњуз” и додава дека во тек се консултации со пратениците.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, македонскиот премиер истакнува дека само
доколку не успеат сите можни начини за постигнување на двотретинско мнозинство во
собранието, само тогаш земјата ќе оди на избори, а паралелно ги повика пратениците да го
сторат она што е нивна должност кон државата.
– На Македонија не и се потребни избори. Македонија сега е на правилен пат. Ќе отвориме
едно поглавје во јуни. Ќе имаме наше место на масата на разговори во Брисел и во НАТО со
почеток на ратификацијата на протоколот во парламентите на 29 држави членки на НАТО. Од
економски аспект, Македонија се наоѓа во одлична ситуација и нема потреба да одиме на
избори, Освен ако не е потребно. А секако, ако распишеме избори очигледната цел ќе биде 2/3
односно 80 пратеници, вели Заев и објаснува дека, според анализите, во случај на избори
владата ќе добие мнозинство.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password