Заев: Изборите може да се одложат ако не се донесат законите за зголемување на платите и пензиите

Премиерот Заев најавува можно одложување на изборите доколку пред нив не бидат донесени законите со кои што ќе се овозможи зголемување на платите и пензиите. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање на Сител, вели дека не гледа логика Собранието да се распушти без да си ја заврши работата и да ги донесе законите кои како што рече, значат многу за граѓаните.
„Прво голем дел од законите се усогласување со прекршочните казни и верувам дека тој дел може да помине и во јануари и февруари. Суштинските закони, ако предизвикаат кочење на пензии, на социјалните трансфери на покачувањето на платите, на сето она што живот значи за граѓаните, го блокираат тогаш изборите може и да се одложат. Тоа денеска не го праќам како закана заради тоа што одговорноста на секој пратеник дали е од власта  или опозицијата е исто така одговорност и на владата и на локалните самоуправи  и сите за кои што плата зимаме од граѓаните. Така да следам секој ден што се случува во парламентот и ако перфидноста на користењето на филибастерингот дали е за избрното законодавство, дали е за пензиите, ги кажувам како примери кои се многу значајни тоа може да значи пролонгирање на процесите. Јас тоа не го посакувам, сто пати сум кажувал дека изборите не треба да се одложуваат но истовремено, должност е граѓанска но секако и политичка е да не дозволиме било што да закочи интерес за реализација на граѓаните. Верувам дека овие денови ќе може низ дебата низ парламентарна процедура нешто што е започнато пред два пред три месеци во парламентот низ самите комисии да може да привршува и да се донесат самите одлуки, од проста причина дека ниту парламентот ќе се распушти, ниту ќе гласаат пратениците на незавршени закони. Ќе дојде 12 февруари и одредени закони не се завршени кои што се важни за граѓаните и имаат свој импакт и во март, април , мај и во септември, не се завршени, не ја гледам логиката зошто да се гласа за распуштање на парламентот.

Ова го кажувам за сите они кои се обидуваат а гледам дека опозицијата се обидува  и тоа го гледаме секој ден што го прават и во делот на комисиите и во делот на пленарната сесија, секако, нема тоа да го дозволиме  –  вели Заев.

Во моментов во Собранието во процедура се над огромен број на закони, повеќе од половина од вкупната бројка на закони кои Собранието ги донесе по промената на власта.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password