Заев, Анѓушев и Бектеши на форумот во Давос

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши патуваат неделава во Давос, Швајцарија на Светскиот економски форум, потврдуваат од Владата.
Од Владата велат дека имајќи предвид дека годинава ќе се насочат кон креирање политики за уште поголем развој на домашната економија, македонската делегација на Светскиот економски форум ќе се фокусира на остварување на контакти и отворање нови можности за економска соработка со развиените земји.
„Во Давос секоја година на едно место се собира светската економско – политичка елита, а присуствуваат и над 3 илјади светски лидери од сите области. Токму затоа форумот претставува одлична прилика за создавање нови пријателства и продлабочување на соработката со развиените европски, но и светски земји. Во рамки на Светскиот економски форум, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе оствари средби со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со еврокомесарот Јоханес Хан, како и со други високи гости, велат од Владата.

Во алпското одморалиште кое секоја година на едно место ги собира најмоќните светски лидери годинава сепак нема да дојде нитуе ден од лидерите на петте постојани членки на Советот на безбедност на ОН. Своето учество го откажаа американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот шеф на државата Емануел Макрон, британската премиерка тереза меј, но и принцот Вилијам. Кина наместо Си Џинпинг ќе ја претставува потпретседателот на владата Ванг Кишан, додека таму не оди ниту Владимир Путин. Сите имаат посериозни задачи дома.

Во Давос се очекува да пристигнат 65 шефови на држави и влади, меѓу кои и германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, претседавачот на Г20, јапонскиот премиер Шинзо Абе, шпанскиот премиер Педро Санчез, претставници на меѓународните финансиски институции.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password