Власта сè уште размислува колку да го покачи прагот за плаќање ДДВ

Министерството за финансии е во финална фаза околу одлуката за поместување на прагот за плаќање ДДВ. И оваа мерка е една од  предизборната кампања на власта како дел од промената на даночната политика. Обврска да го платат овој данок актуелно имаат малите фирми кои прикажале промет од над еден милион денари. Намерата на власта е овој праг да се покачи, односно ДДВ-то да го плаќаат оние фирми кои ќе прикажат повисок промет од два и три милиони денари. Ресорната министерка Нина Ангеловска вели дека сè уште се размислува.

„Анализите не се комплетно завршени, се прават анализи за ДДВ прагот и при тие анализи не се зема предвид само фискалниот ефект, туку се зема предвид и администрацијата потребна за опслужување, регистрирање и  контролирање на тие мали компании. Во моментов ги правиме анализите и ги испитуваме и страната на фискалните импликации и страната на административниот товар на Управата за јавни приходи конкретно“, рече Нина Ангеловска, министерка за финансии.

Последно премиерот Заев пред неполн месец најави дека прагот би можел да се зголеми на два или три милиони, но засега нема конкретна одлука. Министерката Ангеловска најави и дека набрзо ќе бидат објавени првичните анализи и ефектите од прогресивниот данок.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password