Трамп: Убиен е лидерот на исламската дражава, цимолеше, плачеше и врескаше (ВИДЕО)

Претседателот Доналд Трамп тукушто соопшти рече дека синоќа САД го извеле „најголемиот светски терористички лидер пред лицето на правдата“. „Абу Бакр ал-Багдади е мртов“, рече

Трамп рече дека Багдади умрел „цимолејќи и плачејќи и врескајќи“ откако се нашол во тунел од кој нема излез.

Тој рече дека 11 малолетни деца биле изнесени од куќата и не се повредени, но дека Багдади со себе зел три од своите мали деца додека се обидел да избега по тунелот. Потоа го активирал експлозивниот елек, убивајќи ги и своите три деца.

Резултатите од ДНК-анализата дале „сигурна и непосредна идентификација“, вели Трамп. „Тоа е тој“.

Трамп рече дека под негова команда САД стопроцентно го „збришаа неговиот калифат“. Тој ги опиша Багдади и неговите приврзаници како губитници.

„Тие немаа идеја во што се впуштаат – во некои случаи тие беа многу исплашени кутриња, а во други случаи беа тврдокорни убијци.“

тој.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password