Столтемберг: Нема членство без промена на името

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг
денеска порача дека нема план Б за Македонија, оти земјата сега има можност која се случува
еднаш во животот и дека може да стане членка на НАТО само ако го прифати договорот со
Грција.
– Цврсто верувам дека она што земјата треба да го направи сега е да донесе одлуки за
натамошните чекори. На Владата и на Собранието е да ги донесат тие одлуки. Да решат како
ќе одат напред, како да реагираат на референдумот и на сите политички импликации и
последици што тој ги донесе, изјави Столтенберг кој денеска е во посета на Србија.
Генералниот секретар на НАТО нагласи дека ако демократските институции во Скопје одлучат
да го спроведат во целост договорот со Грција, тогаш НАТО е подготвен брзо да ја прифати
Македонија како своја 30 членка.
– Можеме брзо да пристапиме кон потпишување на протоколот за членство, многу бргу по
промената на името. Останува на демократски избраните институции во Македонија дали ќе го
прифатат и ќе го применат договорот за името. Ние сме подготвени да ја прифатиме земјата
како нов член, истакна Столтенберг.
Повтори дека не постои план Б или некаква друга алтернатива за членството на Македонија
освен спроведувањето на договорот со Грција.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password