Путин пристигна во Белград
Прво се поздрави со неговиот домаќин Вучиќ, а потоа се упатија од аеродромот Никола Тесла кон Белград, каде беше пречекани од околу 70 000 граѓани, меѓу кои ќе има такви кои специјално за оваа прилика дојдоа од Ниш.
Претседателите положија цвеќе прес споменикот на ослободителите, по што заминаа состанок во потесен состав, а подоцна ќе им се придружат и делегациите.
Вечерва е предвидено двајцата претседатели да ја посетат и црквата „Свети Сава“ каде што е најавен собир по повод престојот на рускиот претседател.
Белград е во посебен безбедносен режим, снајперисти се поставени на зградите, центарот на градот е комплетно затворен, а дел од тамошните медиуми направија вистинско „reality show“. Во живо се пренесуваше дури и анимацијата од радарите на кои се гледаше како целата ескадрила од неколку големи патнички и 6 воени авиони се приближуваа кон Србија. Вонредните безбедносни мерки и направената „драма“ околу пристигнувањето на Путин, дополнително се зголеми по објавувањето на информациите дека терористи на ИСИС планираат ликвидација на рускиот претседател, токму за време на неговата посета на Белград.
Имено, кај вехабистите од Нови Пазар бил пронајден арсенал на оружје и делови за правење на експлозивни направи, информираат српските медиуми. За безбедноста на Путин ќе се грижат околу 7000 полицајци, а 50тина припадници на руската федерална служба ќе бидат цело време во негова непосредна близина.