Приведен поранешниот директор на УБК, Атанасовски – ЈОРМ бара притвор

Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски вечерва е приведен и изведен пред истражен судија на распит по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителката Вилма Русковска побарала мерка притвор за Атанасовски.

Неговото приведување доаѓа откако Атанасовски заедно со поранешниот началник на петтата управа Никола Бошковски и советникот на претседателот Ѓорѓи Иванов, Синиша Алексоски беа посочени како организатори и наредбодавци за насилството во Собранието на 27 април, минатата година од дел од обвинетите кои сведочеа пред Кривичниот суд за случајот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password