Престрелка кај ТЦ “Лептокарија”, нема повредени

Според првичните информации, вечерва околу 18 часот и 35 минути во полицијата е пријавено дека на булевар „Партизански одреди”, во Скопје имало престрелка и најверојатно било пукано од едно возило во друго. Нема повредени во овој инцидент, а полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот, потврдуваат од МВР. Оттаму додаваат дека полициските службеници работат на расчистување на случајот.