Потрошени само две третини од капиталните инвестиции

Владата успеа да потроши само 65 проценти од планираните пари за капитални инвестиции во 2018 година. Конечните податоци се објавени денеска и според нив, за најсуштинските трошења од ланскиот буџет биле потрошени 197,5 милиони евра, најмалку во последните десет години. Инаку Владата за 2018 година прво предвиде за капитални расходи 391 милион евра, а потоа со ребалансот оваа сума ја намали на 301 милион евра. Сепак од овие пари реализирани како капитални трошења се само 65 проценти или тие 197,5 милиони евра.

Она што е забележливо е што реализацијата значајно се зголеми во последниот месец, односно заклучно со ноември беа реализирани околу 47 проценти од предвдидените капитални инвестиции а за еден месец или само во декември реализацијата скокна на над 65 отсто.

Ако се анализираат бројките за десетте години наназад излегува дека 2018 година е најлоша по овој показател, анализира Фактор.

Имено во 2017 година за капитални инвестиции се потрошени 323 милиони евра, а во 2016 година сумата е 276 милиони евра. Во 2015 година за капитални трошоци биле потрошени 303 милиони евра. Сумата во 2014 година изнесува 286,5 милиони евра, во 2013 година е 270 милиони евра, додека во 2012 година капиталните трошоци се 305 милиони евра. Претходната или во 2011 гоидна капиталните инвестиции изнесуваат 288 милиони евра, во 2010 година се 249 милиони евра, а во 2009 година 218 милини евра. Во 2008 година за оваа намена биле потрошени 326 милиони евра.

Во проценти, реализацијата на капиталните инвестиции во 2008 година изнесува 78 отсто, во 2009 година е 69,7 отсто, а во 2010 година изнесува 86,7 проценти. Во 2011 потрошени се 84 проценти од капиталните инвестиции, во 2012 година 87 отсто,а  во 2013 година 82,4 проценти. Во 2014 година реализацијата изнесува 83 отсто, во 2015, 84 проценти, а во 2016 година 76 проценти. Во 2017 година реализацијата беше 84 проценти.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password