Плата во плико во 2017 година им е исплатена на 17,8% работници во земјава

Будно ќе го следиме процесот и преземените мерки од страна на Владата за решавање на проблемот „плата во плико“, најави денеска Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк откако премиерот Зоран Заев најaви дека се работи на механизми за спречување на оваа појава.

Од Институтот потсетуваат дека на ова тема пред горина и половина е направена анализа која покажува дека дури 17,8 отсто од работниците во Македонија кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико во 2017 година.

Според анализата најчесто „плата во плико“ им се дава на работници кои се осигурени на минимална плата дури 62 отсто. Кај овие работници во 91 отсто случаи износот на платата даден на трансакциска сметка и во плико бил еднаков.

„Ова укажува дека постојат сектори и занимања на кои постои тенденција договорот за вработување да се склучи на минималната плата, со истовремен неформален договор, остатокот од платата да се добива во готовина. За формални плати над минималната плата, процентот на приматели на плата во плико драстично се намалува“, пишува во публикацијата.

„Платата во плико“ е најзастапена кај работниците во градежништвото (мајсторите) со 28 отсто и изнесува скоро половина од нивната формална плата. Потоа следуваат работници во услужните сектори.

Работниците во Скопскиот регион имаат највисока плата во плико, а процентуално, според бројката на работници кои земаат пари на рака предничи Пелагонискиот регион, со 42 отсто.

Според дефиницијата на институтот „плата во плико“ е кешот исплатен на работникот, на основа на неформален (незаконски) устен договор со работодавецот, со што газдите за овие пари не ги плаќаат социјалните придонеси и даноци за државата.

За намалување на проблемот од Фајнанс тинк посочуваат дека е потребен долгорочен напор насочен кон градење на т.н. општествен договор помеѓу државата, работодавците и работниците, воведување на казнени мерки, но и мотивација и едукација на работниците.

„Мерките за намалување и искоренување на платата во плико може грубо да се класифицираат во две групи:

  • казнивост (редовни теренски проверки од инспекторатот за труд, големи казни за исплата на плата во плико, вонтеренски проверки со вкрстување, административни податоци (УЈП) со анкетни податоци (ДЗС), кампањи со нагласок на казните и ефективноста во откривањето) и
  • мотивација и едукација (воведување поголеми даночни ослободувања за најниско-платените работни места, едукација за поттикнување, доброволно обелоденување, поттикнување постепен премин од плата во плико кон целосно формална плата, едуцирање за користите од формална плата, зголемување на даночниот морал…“, пишува во анализата на Фајнанс тинк.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password