Нови 11 случаи на заболени со морбили
Регистрирани се 11 нови случаи со заболени со морбили. Од нив, пет биле прегледани и пуштени на домашно лекување, а шест биле задржани на Клиниката за инфективни болести.
Две петмесечни бебиња, две деца на возраст од една година и седуммесечно бебе се меѓу заболените.
Во моментов 26 се хоспитализирани на Клиниката, а до сега се вакцинирани 5.400 граѓани. Досега се регистрирани околу 160 заболени од морбили.