Македонскиот филм Медена земја во трка за Оскар

Американската филмска академија го номинираше македонскиот филм „Медена земја“ за Оскар во две категории  Најдобар документарец и Најдобар странски филм.

Единствениот македонски филм кој претходно добил номинација за Оскар е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година. Уште еден наш филм, но како југословенски кандидат за најпрестижната филмска награда, беше документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.

Доделувањето на престижната награда ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password