Катица Јанева изврши увид во доказите за „Рекет“

Заврши увидот во доказите кој денеска за случајот Рекет го правеше третоосомничената Катица Јанева.

Во ОЈО дојде за да направи увид во доказите со кои скопското обвинителство ја гони за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според досегашните информации истрагата за случајот е завршена.

Одбраната пред новинарите завчера соопшти дека Јанева најпрво ќе ги види доказите па потоа ќе даде исказ пред надлежното обвинителство.

Вчера увид направи и Боки 13. Засега нема информации дали исказ Катица Јанева и Бојан Јовановски ќе дадат денес или пак тоа ќе следува на стартот на следната работна недела.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password