Јетон Шаќири министер за администрација од ДУИ

Jетон Шаќири е предлот на ДУИ за нов министер за информатичко општество и администрација. Шаќири кој е од Струга моментално е пратеник во новиот собраниски состав. Тој е професор на Меѓународниот универзитет во Струга и беше директор на Водовод и канализација од Струга, некогашна Проаква.

Шаќири важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а сега ја добил поддршката во партијата да биде и иден министер.

Извори од ДУИ брифираа дека првичниот предлог во министерското столче во Информатичко општество и администрација да седне Ширет Елези, досегашната заменик министерка за финансии, не бил прифатен на Централниот совет.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password