ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ: Од полноќ нови цени на бензините и на дизелот
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините од вечерва на полноќ ќе се точат по цени поевтини за 2,5 денари додека со дизел ќе полните резервоари по цени помали за 3 денари од денешните.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2.5 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 58.50, односно 60.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 55 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.