АСО: Зелениот картон со регистрацијата со влезот во ЕУ

Зелениот картон нема да биде задолжителен со регистрацијата на возилото на крајот од 2019-та, демантира Агенцијата за Супервизија на осигурувањето и ја информира јавноста дека поседувањето на овој патнички документ останува лично право на избор на возачот, како и до сега.

Од таму велат дека погрешно била пренесена и извадена од контекст вчерашната изјава на првиот човек на оваа агенција. Тврдат дека вистинските зборови на Климе Попоски за МИА биле „Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло„

Од таму велат дека најавената законска регулатива никако не е поврзана со прашањата за осигурување од автоодговорност и зелена карта, по бурните реакции на јавноста на социјалните мрежи. Агенцијата за Супервизија на осигурувањето ја информира јавноста дека поседувањето зелен картон останува лично право на избор на возочот, како и до сега.

„Во истото интервју претседателот на АСО, Попоски изјави дека прашањето за зелената карта како дел од полисата за автоодговорност при регистрација на возила, како и прашањето за либерализација на цените ќе стапат во сила со влез на Македонија во Европска унија. При тоа, останува како можност Владата да донесе одлука овие две прашања да се имплементираат и пред влез во Европска Унија, во периодот на отпочнување на преговорите за пристапно членство“, велат од таму.

 

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password