Нина Бадриќ ја раскина свршувачката
Хрватската ѕвезда Нина Бадриќ веќе не е во врска со бизнисменот Тин Брало, со кого беше во љубов една година.
Брало (51) ја следше Нина (45) летово на турнејата крај Јадранското море, но пејачката на концертот во Загреб минатата недела се појави без него, по што јавноста почна да шпекулира дека на љубовта и дошол крајот. Нина за хрватскиот магазин „Глорија“ ја потврди оваа вест.
„Вистина е дека веќе го немам свршеничкиот прстен“, рекла Бадриќ. Брало и таа се свршија на романтична локација, на заедничко патување на Малдивите.
„ Може пристојно да се живее и без сите моменти од својот живот да ги фотографираш, од својата спална соба до своите интимни моменти. Јас, едноставно таква личност не сум, но фала богу има многу такви кои се, па материјали има колку што сакаат. Никој од моите пријатели не ја знае жената на Дино Мерлин, или Џибони или на Здравко Чолиќ. Тие се пример дека една јавна личност може да биде пристојна и да живее само од својата музика“, изјави Бадриќ во интервју за Женски магазин во мај