Кои хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2019-та година
Овен
Овните ќе имаат луда среќа, висок оптимизам, но и силен нагон да остварат сè што замислиле. Сепак треба да бидат внимателни да ги почитуваат законите, со цел да напредуваат без проблеми. Според астролозите, тие ќе имаат поддршка и од најблиските, и од колегите, а и здравјето ќе им биде одлично во текот на целата година.
Бик
Биковите ќе имаат среќа во сè што ќе се впуштат. Позицијата на Сатурн во знакот на Јарец укажува дека тие ќе бидат истрајни, како и дека здравјето добро ќе ги послужи во годините пред нив. Во текот на првите месеци, тие ќе доживеат и голем успех во полето на кариерата, но и во полето на љубовта. Со тек на време, ситуацијата ќе им станува само подобра. Особено финансиската.
Лав
Лавовите конечно ќе можат малку да воздивнат, по многуте години поминати во стагнација и мачење поради транзитот на Јупитер низ знакот на Скорпијата. Како што оваа планета ќе влезе во огнениот Стрелец, така и нештата веднаш ќе се променат на подобро и Лавовите повторно ќе бидат во состојба да остарат сè што замислиле.
Девица
Девиците ќе имаат голема стабилност во текот на целата година, па затоа и можат слободно да очекуваат добри резултати во кариерата, подобрување на финансиската состојба и задржување на доброто здравје.
Вага
Родените во знакот на Вага во текот на целата година ќе ја ставаат љубовта на првото место. Тие максимално ќе уживаат во животот и ќе ги користат сите прилики што ќе им се пружат. Ќе почувствуваат нова позитивна енергија што ќе помогне да напредуваат и на професионален план, но и на приватен план. Ќе добијат многу пофалби од луѓето околу нив, но и ќе ги зголемат своите финансиски приходи.