Дарко прво ја здогледал неа: Двајцата се расплакале

После шест дена агонија и борба за живот, после тешката сообраќајна несреќа која ја преживеа, Дарко Лазиќ сега е во стабилна состојба. Тој е буден, свесен, а една средба за него била посебно емотивна.

Поради фактот дека пејачот излегол од кома и дека сега е стабилно, најсреќни биле неговата мајка, татко, брат, свршеницата, но и пејачката Ана Севиќ, неговата се уште законска сопруга, со која ја има ќерката Лорена.

-Иако некои пишуваа дека родителите на Дарко и Ана се скарани, и дека таа поради тоа три дена не одела кај Дарко, тоа не е точно. Таа уредно е таму и апсолутно секој ден е со Дарко, а тоа што има свои начини на кои влегува во болница, така што никој не ја гледа, тоа е друга работа, вели добро упатен извор.

-Кога излегол од кома, Ана била првата личност која Дарко ја видел. Прво го здогледал нејзиното лице. Тоа беше многу емотивно и потресно. Иако се уште беше зашеметен, Дарко веднаш го препозна ликот на Ана и иако не може да зборува, очите му беа полни со солзи, па тогаш и Ана се расплака. Се сфати веднаш. И мислам дека не постои личност чие лице повеќе сакаше да го види од нејзиното, тогаш, во тој момент. Ана пред се е пресреќна што на Лорена може да и каже дека повторно ќе го види својот татко. Можеби се уште не, но секако наскоро, раскажал извор од болницата.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password