Херитиџ: Македонија е најслободна економија во регионот
Според најновиот извештај на фондацијата Херитиџ, Македонија е на 33. место во светот според слободата на економијата, а прва во регионот. Најблиску до Македонија е Бугарија на 37. место и Косово на 51. место. Индексот зема во предвид четири фактори: владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност и отвореност на пазарот.
Сепак, во извештајот има и критики за македонската економија во однос на високата стапка на сива економија од дури 45 отсто, корупција, нетранспарентно трошење на буџетските пари и непотизам.
-Правна рамка постои, но проблем е спроведувањето што ја поткопува довербата на јавноста дека постои подготвеност да се гонат корумпираните официјални претставници. Владата донесе некои антикорупциски мерки, но и натаму е присутно политичкото мешање, непотизмот и одолговлекувањето на судските процеси, се вели во дел од извештајот за Македонија.