ЕБОР: Владините мерки за подршка на бизнисот ќе го зголемат јавниот долг
Макеоднскиот долг за 10 години се згоелмил за 20 процентни поени. ЕБРД во најновиот извештај пишува дека трендот ќе продолжи заради мерките за поттикнување на бизнисот и зголемувањето на платите.
Според предлог буџетот во 2019 години долгот ќе надмине 54% од БДП односно ќе се згоелми за околу 600 милиони евра.
Во буџетот се предвидени пари за зголемување на платите на администрацијата. Експертите најмногу реагираат на ова. Велат дека поголеми плати за наставниците и лекариуте мора да има, но за останатите административци треба да се почека со зголемување додека не се заврши со најавената рефромка.
Предвидени се над 40 милиони евра и за поттикнување на стопанството, но и 18 милиони евра за активни мерки за вработување кои според познавачите нема да ја постигнат целта.