Брегу: На земјите од Западен Балкан потребни им се 8 децении за да ја стигнат Германија

Регионот на Западен Балкан во изминативе неколку години забележа напредок и има позитивни економски изгледи, но со сегашните стапки на раст ќе требаат уште пет децении да го достигнат германскиот животен стандард и осум децении да стигнат до Германија, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Малјинда Брегу.

На состанокот организиран од страна на Советот за регионална соработка во соработка со Канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт, кој се одржува во Брисел, главна тема беше одржливиот економски раст и развојот на Западен Балкан.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password