Рекордно салдо странски инвестиции годинава: Колкав капитал влегол до јуни?

Над 327 милиони евра влегле во Македонија како странски директни инвестиции во првото полугодие годинава. Оваа сума е повисока од вкупното салдо инвестици за цела мината година, но годинава за шест месеци влегле повеќе инвестиции и од некои минати години кои важеа за подобри во овој сегмент.
Според податоците од Народната банка која од годинава бројките за странски директни инвестиции ги објавува на тримесечно ниво, вкупните инвестици до крајот на јуни изнесуваат 327,57 милиони евра. Лани во целата година, биле 227 милиони евра. Во 2016 година за 12 месеци странските инвестиции изнесуваат 338 милиони евра, додека во 2015 година биле само 217 милиони евра, односно многу помалку отколку сега за шест месеци. Во 2014 година се 2014 милиони евра.
Leave a Comment
Мора да се пријавите за да испратите коментар.
0 Comments