Над 150 брендови ќе се престават на саемот за мебел

Од денеска до недела во комплексот ВИП арена Борис
Трајковски се одржува 44. Саем на мебел на кој граѓаните ќе можат да ги видат најновите
трендови во производството на мебел.
Ќе се претстават околу 70 изложувачи од Македонија, Србија, Косово, Италија и Бугарија со
повеќе од 150 брендови.
Годинашниот саем, којшто за првпат се одржува на просторот кај арената „Борис Трајковски“,
се протега на површина од 8.000 квадратни метри, а изложувачите се сместени во ВИП
арената и во два монтажни мултифункционални енергетско-ефикасни објекта.
– Има многу интересна понуда и изложувачите се потрудија да ги претстават своите експонати
во најдобро светло. Интересен е концептот на движење, односно од една страна се влегува, а
од друга се излегува и по принципот на ИКЕА систем се посетуваат сите штандови без да биде
пропуштен некој изложувач, изјави Сања Кондарко од Групацијата Скопски саем.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password