Македонија и Албанија потпишаа договор за гасификација

Македонија и Албанија ќе соработуваат на развој на
преносните мрежи на природен гас преку изградба на интерконективен вод, во насока на
ефикасна испорака на овој природен енергенс. Ова го предвидува Меморандумот за
разбирање што денеска е потпишан во Тирана помеѓу Македонски енергетски ресурси АД
Скопје и АЛБГАЗ од Тирана. На потпишувањето на Меморадумот присуствуваа минситерот за
економија Крешник Бектеши и албанскиот министер за енергетика Дамјан Ѓикнури.
– Како земји-соседи, со традиционални пријателски односи и развиена економска соработка,
активно работиме на обезбедување поблиска интеграција на енергетските пазари на ЕУ и
Енергетската заедница и зајакнување на безбедноста на снабдувањето со енергенси на
регионот. Денешниот Меморандум е чекор напред за развој на билатерално стратешко
партнерство во секторот за природен гас, како продолжение на веќе потпишаниот Меморандум
за соработка во областа на енергетиката, меѓу Министерството за економија на Република
Македонија и Министерството за енергетика на Република Албанија“, изјави Бектеши.
Според него, радува фактот што изградбата на проектот ТАП на албанска територија е во
завршна фаза.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password