Извозниците бараат државни пари за да учествуваат на саеми

Со поголема промоција и со присуство на познати саемски манифестации ширум светот, како и со промена на моделот на субвенционирање, Македонија може значително да ја подобри економската слика на државата. Домашните извозници велат дека време е тие да го добијат своето место во државните економски политики и предлагаат конкретни мерки со кои државата може да помогне македонскиот извоз да се зголеми и да стане поконкурентен.

Стопанството бара државата да му помогне на бизнисот околу саемите за промоција, зашто без нив речиси и тешко фирмите можат да опстанат и да бидат конкурентни. Да се закупи еден штанд во странство чини од 25 до 30.000 евра.

Како што информира претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора, Глигор Цветанов, повеќе од 80 проценти од сите извозни дистрибутери и купувачи ги имаат најдено на големите светски саеми.

Заменик претседателот на Клубот на извозници, Горан Антевски ги повика сите членки на Стопанската комора да земат поголемо учество во своите здруженија и да ги претстават саемите на кои сакаат да учествуваат.

Одговарајќи на новинарско прашање што друго бараат од државата на финансиски план, Антевски ја посочи Турција како пример, каде државата на извозниците им спонзорира 50 посто од учеството на саемот.

– Трошоците што се на саемот, од купување на штандот, просторот, изработка на штандот и трошоците што се за учесниците на саемот, Турција им ги покрива 50% и затоа тие се најголеми на саемите и секаде се присутни, затоа и нивната економија расте. Ние бараме барем дел од тие средства да се покријат, дали за штандот или за просторот затоа што посета на еден саем од мојата бранша (електирка и машинство) е минимум од 25 до 30 илјади евра за помал штанд, вели Антевски.

Бизнисмените велат дека за поголем профит на компаниите, како и раст на домашната економија, важно било фирмите што почесто да се изложуваат на саемите за промоција, зашто над 80% од партнерите се најдени од таму.

Саемот за слатки ИСМ е најголем саем на оваа индустриска гранка во светот. За излагачите од Македонија – голема шанса, но и можност да се задржат работниците во земјата, проблем со кој земјава се соочува долго време.

Компаниите, посебно извозните и натаму немаат соодветен кадар, се пожалија бизнисмените. Велат државата сериозно да поработи на образованието, зашто квалификувани работници има се по малку.

Учеството на саемите за македонските компании е можност да најдат нови партнери за пласман на македонските прозиводи, како и за да ги следат новините кои значително можат да ги намалат цените на производство, пакување, складирање, дистрибуција како и да ја доближат Македонија кон европските држави.

Домашните извозници велат дека е време и тие да го добијат своето место во државните економски политики. Кога станува збор за мерките како да се зголеми и поддржи извозот, не треба да се измислуваат нови политики, туку само да се погледнат мерките кои ги имаат државите со силна и развиена извозна индустрија.

Извор Алфа

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password