Скопје се гуши во загаден воздух

Скопјани веќе во континуитет дишат загаден воздух, а како во пресрет на поладни денови аерозагадувањето само ќе се зголемува.

Апликација која го мери квалитет на воздухот во Македонија, Мој воздух, синоќа покажа високи концентрации на ПМ10 честички во главниот град. Енормна загаденост е регистрирана во реонот Ректорат во 20 часот, односно 131 ПМ 10 честички на кубен метар, а нешто подоцна мобилната апликација покажа дури 211 ПМ 10 честички на кубен метар.

Во Ѓорче Петров според Мој воздух, загаденоста беше исто така голема, дури 160 ПМ 10 честички на кубен метар. Во Гази Баба 124, во Центар 96, во 11 Октомври 73 ПМ 10 честички на кубен метар.

Дозволената граница на ПМ 10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password